Џет-Сет
4. December 2016 - 18:37

Се сеќавате ли на руската група Тату? Некогаш лезбејка, сега мажена за Словенец

По неколку успешни синглови успеаја да обезбедат светска слава, a се прославија со синглот “All the Things She Said“. Во периодот кога беше основан, бендот Тату го привлече вниманието на светската јавност, а многумина тврдеа дека се работи за маркетиншки потег и дека девојките не се лезбијки, иако во спотовите и на јавните настапи разменуваа нежности.

Бабата на една од членките своевремено изјави дека нејзината внука се интересира за машки, што ги разгоре шпекулациите за веродостојноста на бендот и на она што го работи.

Едната од поранешните членки на групата Тату, Јулија Волкова предизвика контроверзии кога на прашањето што би рекла кога нејзиното дете би било хомосексуално, одговори дека синот би го осудила ако биде хомосексуалец.

tatu-lena

Правиот маж мора да биде маж, зашто е створен за размножување, а лезбејките естетски многу поприфатливо изгледаат, изјавила таа.

Другата половина од групата, Лена Катина, пак се дистанцирала од изјавата на својата колешка и од се што се однесува на бендот, а денес е мажена за Саша Кузмановиќ, словенечки музичар со српско потекло.