-->
-->
Се судрија трактор и мотоцикл во Валандово: Момче и малолетничка завршија на Клиника
-->
Момче и малолетно девојче се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Валандово.
„На 07.09.2021 околу 19:40 часот на пат помеѓу село Пирава и село Јосифово на место викано „Пиравски плантажи“ - Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон„ без регистарски ознаки, управуван од 81-годишниот Н.Т. од Валандово, и моторцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од 24-годишниот В.М. од село Рабово, а на кој се превезувала и 17 годишна малолетничка од село Јосифово. По несреќата В.М. и малолетничката се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Валандово“, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош