Живот
27. February 2020 - 22:40

Се укинува обезбедувањето на Меган и Хари

Канада е подготвена да престане да ги плаќа трошоците на обезбедувањето на принцот Хари и Меган Маркл во рок од неколку недели.

Полицијата во Канада денеска открила дека даночните обврзници го паќаат делот за безбедносните трошоци на Меган Маркл и принцот Хари, откако во ноември отпатуваа во таа земја после одлуката дека си заминуваат од кралското семејство.

Трошоците кои даночните обврзници ги плаќаат за нивното обезбедување ќе бидат запрени за неколку недели, поточно откако парот официјално ќе започне нов живот надвор од кралското семејство.

Во Британија многумина се загрижени околу тоа кој ќе продолжи понатаму да ги плаќа тековните трошоци за обезбедување на Меган и Хари.