Loading Video...
Свет
1. August 2018 - 16:36

Се урна авион со 103 патници и членови на екипажот во Мексико, нема загинати

Патнички авион со 103  патник  и членови на екипажот се урна во мексиканската  сојузна држава Дуранго кратко по полетувањето. 

Загинати нема, а со повреди завршиле 97  лица. Авионот полетал од мегунарондиот аеродром во главниот град Дуранго и требало да слета во Мексико Сити. 

Се претпоставува дека  причина за падот на леталото се лошите временски услови. Додека полетувал во реонот паѓал силен град.