Се вакцинираа Сакеларопулу и Мицотакис
Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е првиот политичар во Грција што ја прими вакцината на Фајзер/БиоНТек за Ковид-19, а половина час подоцна се вакцинираше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Сакелраопулу и Мицотакис се вакцинираа во две различни атински болници, од симболични причини за да им дадат пример на граѓаните, а целиот процес во живо беше пренесуван на грчките телевизии.
Грчката претседателка во болницата „Евангелисмос“ пристигна и се вакцинираше во присуство на министерот за здравство Василис Кикиљас и неговиот заменик Василис Кондозаманис.
Мицотакис вакцината ја прими во болницата „Атикон“ во присуство на шефот на Комисијата на епидемиолози Сотирис Циодрас.
И грчката претседателка и грчкиот премиер ги следеа потребните процедури како пред, така и по вакцинацијата.
Пред да ја примат вакцината, го пополнија прашалникот во однос на евентуалните претходни здравствени проблеми или алергии, а по примањето на вакцината почекаа 15 минути, за можни реакции од вакцината.
По Сакеларопулу и Мицотакис, во текот на денешниот ден ќе се вакцинираат шефот на Комисијата на епидемиолози Сотирис Циодрас, претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, генералниот секретар на партијата МЕРА25 Јанис Варуфакис, претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, началникот на Генералштабот на грчката армија Константинос Флорос и митрополитот Јеротеос, како претставник на поглаварот на ГПЦ.
Претпладнево, медицинска сестра од Одделот за интензивна нега во атинската болница „Евангелисмос“ и повозрасен граѓанин згрижен во дом за стари лица, беа првите грчки граѓани кои ја примија вакцината за Ковид-19.
Ново на Сител
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
-
САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција