Се воведува двосменско работење на комуналните инспектори во Аеродром
Комуналните инспектори на општина Аеродром од денеска ќе работат во две смени. Тие ќе бидат достапни секој ден од 8:30 до 22:30 часот, вклучувајќи ги и викендите, на телефонскиот број 075/316-515. Ќе биде ангажирана целата инспекциска служба што се состои од осум комунални инспектори и четири комунални редари.
Оваа одлука е со цел успешна реализација на проектот „Пријави загадувач“, која е дел од заложбите на општина Аеродром за почист воздух.
Општина Аеродром соопшти дека е неопходно да се воведе дежурна смена на инспекторите по барање на граѓаните и за поголема ефикасност на инспекциските служби.
Целта на акцијата „Пријави загадувач“ е што побрзо да се откријат и соодветно да се регулираат загадувачите на територијата на општина Аеродром. Во рамки на акцијата досега се организирани редовни мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух и контрола на стационарните извори на територија на општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО