Македонија
3. July 2018 - 16:33

Се запали постар модел на автобус на ЈСП – повредени нема

Автобус на ЈСП Скопје кој сообраќа на линијата 24, се запали во скопската населба Припор. Пламенот во возилото се појавил на 20тина метри од последната постојка, најверојатно како последица на краток спој во инсталацијата.

-Автобусот се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него се симнале сите патници. На пламенот прв интервенирал шоферот, со ПП апарат.

Во гаснењето на опожареното возило учествувале и 8 пожарникари со три возила. Предизвиканата штета се проценува на 30.000 денари.

Според директорот на ЈСП Кристијан Чушков, ставањето во функција на старите автобуси и покрај тоа што е ризично е неопходно, поради немањето доволно возила за одржување на линиите.

Во меѓувреме, град Скопеј почна почна постапка за набавка на 40 нови автобуси.

Првиот човек на Град Скопје најави дека во трансформацијата на јавниот превоз ќе бидат вклучени и приватните превозници, преку субвенции за набавка на нови еколошки автобуси и за нивна адаптација на гас.