Македонија
9. August 2017 - 14:47

Се запалија два автобуса во Гостивар

На 09.08.2017 година, во 04,45 часот, во Гостивар во населбата Млаки од засега непознати причини настанал пожар на два автобуси (еден со регистарски таблички со македонска нацинална ознака, а еден со швајцарска национална ознака). Пожарот е локализиран од страна на Противпожарна единица Гостивар. Увид на лице место ќе изврши екипа од Полициска станица Гостивар.