Loading Video...
Македонија
14. јуни 2021 - 20:06

Седат Пекер уапсен па пуштен од полицијата во Дубаи

Полицијата во Дубаи го приведе па го пушти контроверзниот турски бизнисмен Седат Пекер кој поседува нелегален македонски пасош. Приведувањето следи откако птехдоно ваков налог издадоа турските власти. Пекер негира дека бил приведен но сепак повтрди дека имал разговор со полицијата.

-Драги мои пријатели, од пладне го напуштив местото каде што престојував но заедно со полициските власти. Сега се вратив на местото каде што престојувам со моето семејство. Имавме меѓусебен разговор поради интензитетот на обвинувањата против мене. Тие пак мене ме известија дека нема проблем да заминам или да останам во земјата, напиша Пекер на социјалните мрежи.

Останува неизвесно дали Пекер го употребил нелегалниот македонски пасош кој го поседува под името Џадим Адемовски.

Пекер е најбараниот криминалец во Турција и еден од најголемите противници на претседателот Ердоган. Досега од турските власти се криел во повеќе држави, но најдолго се задржал во Македонија каде имал статус на вип гостин.

По аферата Мафија која ја обелодени опозициската партија, беше откриено дека Пакер е еден од 200 криминалци кои поседуваат и нелегална патна исправа идадена од МВР.