Фудбал
27. January 2018 - 11:35

Седлоски нов тренер на ФК Рига

Довчерашниот тренер на ФК Вардар Гоце Седлоски по кратката пауза прифати нов предизвик и од денеска е нов тренер на летонскиот прволигаш Рига екипа со која ќе игра и квалификации за Лига Европа.
Според информациите се работи за клуб извонредно финансиски силен со сопственик од Русија и големи амбиции:„Од денеска сум на клупата на ФК Рига.Прифатив да бидам дел од еден голем проект и подготвен сум за новиот предизвик" изјави Гоце Седлоски за „Македонски спорт" .
Рига во ланското првенство на Летонија го освои 3. место  и ќе се подготвува во Абу Даби.