Македонија
21. July 2017 - 8:25

Седница на ДИК за кандидатските листи за локални избори

Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 123 седница на која, како што е најавено, треба да биде разгледано и усвоено упатсвото за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските  листи за локални избори.

Членовите на ДИК ќе разговараат и за упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот.

На дневен ред на седницата на ДИК, меѓу другото, е и извештајот за исплатата на надоместокот на трошоците на учесниците во изборната кампања.