Македонија
24. February 2016 - 13:20

Седница на Републичкиот совет за безбедност во сообракајот во Кочани

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска во Кочани на работна средба ги утврди активностите кои ќе ги реализира за подигање на свеста и одговорноста на учесниците во сообраќајот.

- Како Републички совет иницираме средби со сите општински совети за безбедност во сообраќајот како и со преставниците на локалните заедници за утврдување на можностите и начините за развивање на понатамошната соработка со цел дисперзија на активностите на републичкиот совет на целата теритрорија на Република Македонија, истакна Ристо Манчев, секретар на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
 
Манчев посочи дека сообраќајните несреќи се водечки за смртноста кај лугето во Република Македонија, каде што во просек од 160 до 170 лица го губат животот. Ова е доста сериозна бројка која укажува дека просечно годишно едно македонско село исчезнува од географската карта. Од лицата кои го загубиле животот 9 се деца до 4-годишна возраст, а 13 биле деца до 18-годишна возраст, или вкупно 22 лица до 18 годишна возраст го загубиле животот на патиштата во државата. Причините, според Манчев, се брзото возење и управување под дејство на алкохол.
 
Во општина Кочани  минатата година се регистрирани 161 сообраќајна незгода во која едно лице загинало, 56 лица се здобиле со тешки телесни повреди, а во 89 е причинета голема материјалкна штета, информира Кирил Атанасов од Општинскиот совет  за безбедност во сообрајот на општина Кочани.
 
На денешната средба во Кочани беше утврден календарот на активности за одржување на едукативни трибини со младите, потоа за организација на манифестацијата Детски семафор и Сообраќајна култура кај младите.