Свет
11. April 2017 - 21:48

Седница на севернокорејскиот Парламент, на која присуствува и Ким Џонг-ун

Во Пјонгјанг денеска почна седница на Парламентот, на која учествува и лидерот на Северна Кореја, Кин Џонг-ун.

Парламентот на Северна Кореја одржува седници еднаш или двапати годишно.

Парламентот има 600 пратеници, а седниците се одржуваат со цел да се потврди нова политика, да се измени Уставот, за одлуки за буџетот, за закони и за службени именувања.