Македонија
8. August 2017 - 9:15

Седница на собраниската Комисија за избори и именувања

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседава Комисијата за прашања на изборите и именувањата. 

На дневен ред се Предлог - одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, Предлог - одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија  за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи  на Собранието на Република Македонија  за соработка со парламенти на други држави и Предлог - одлуката за резрешување од функцијата заменик на генералниот секретар на Собарнието на Република Македонија.