Свет
14. April 2018 - 19:26

Седница на Советот за безбедност посветена на Сирија

На руско барање, наскоро во Њујорк ќе започне седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на вчерашниот американско-британско-француски ракетен напад врз Сирија.

Перу, кој претседава со Советот, предмалку соопшти дека е свикана седница. САД, Британија и Франција истрелаа стотина ракети врз цели во сирискиот главен град Дамаск и во градот Хомс, како одговор на нападот со хемиско оружје во сирискиот град Дума. Русија и Иран остро го осудија нападот.