Македонија
16. December 2015 - 14:59

Седница на Уставен суд

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена на ставот 8 од членот членот 77 од Законот за извршување, додека за ставот 5 од овој член на Законот не поведе постапка.

Судот не поведе постапка по иницијативата поднесена на член 228 ставови 2, 4 и 5 од Законот за кривичната постапка и по иницијативата за Правилникот за формата и содржината на патниот налог, донесен од министерот за транспорт и врски.

Судиите со мнозинство гласови одлучија да не поведат постапка и по иницијативата поднесена за Одлуката за утврдување на цената за одведување и прочистување на отпадни води во село Ѕвегор, донесена од Советот на општина Делчево на 26 август 2015 година. Постапката не е поведена бидејќи Одлуката според Судот е во согласност со законот.