Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за економски прашања треба да ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија и Предлог-закон за задругите, и двата во второ читање.
На дневен ред е и Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2023 година и Предлог-одлуката за утврдување на процентот на искористеност во однос на вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водостопанство на Република Северна Македонија за 2023 година.
Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници, 167-та и 179-та седница.
На дневен ред на 167-та седница е Барањето за давање на автентично толкување на член 62-а став 1 од Законот за градење, поднесено од градоначалникот на Општина Центар.
На дневен ред на 179-та седница се Предлог-законот за задругите и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија, и двата во второ читање.
Членовите на Законодавно-правната комисија треба да разгледаат и повеќе закони за ратификација на договори, меѓу кои и Предлог-законот за ратификација на Договорот за слобода на движење со лични карти за Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи