Седници на собраниските комисии за европски прашања и за образование
Во Собранието на Република Македонија денеска по две седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за образование, наука и спорт.
На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија и Предлог на закон за медијација, двата во второ читање. На 26. седница, пак, на Комисијата пратениците треба да се изјаснат за потребата од носење на Предлог на закон за лековите, Предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, сите во прво читање.
Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, во прво читање, а потоа и предлог на законите за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и
на Законот за Бирото за развој на образованието, исто така во прво читање.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата