Фудбал
14. August 2016 - 20:01

Седум гола на дербито Арсенал – Ливерпул 3-4

 
  Првиот дерби натпревар од новата сезона во англиската Премиер лига донесе интерен фудбал во кој беа постигнати дури седум голови, а Ливерпул како гостин во Лондон го победи Арсенал со 4:3.
 
Иако домаќините започнаа одлично па преку Тео Волкот (31-минута) поведоа со 1:0, сепак во продолжението Ливерпул беше тимот кој играше далеку подобро. 
 
Во финишот на првиот дел Филипе Кутињо израмни на 1:1, а во второто полувреме Ливерпул постигна уште три гола. Адам Ланана во 49-минута му донесе предност на Ливерпул од 2:1. Кутињо со својот втор погодок во 56-минута зголеми на 3:1, а во 63-минута веќе беше 4:1 за Ливерпул по голот кој го постигна Садио Мане.
 
Арсенал не се предаде, па преку Алекс Чемберленд (64-минута) и Калум Чејмберс (75-минута) намали на 4:3. До крајот на мечот „топџиите„ нагаѓаа со сите сили но не успеаја да стигнат до израмнување, па на крајот Ливерпул заслужено се радуваше на победата од 4:3.
 
Попладнево се одигра и средбата Бурнемут - Манчестер Јунајтед која заврши со победа на Манчестер од 3:0. 
 
Колото биде комплетирано утре со дуелот Челзи - Вест Хем.