Живот
18. јуни 2016 - 15:29

Седум интересни факти за океаните

Национална географија - Вашингтон

Иако 70 проценти од површината на Земјата е покриена со вода, океаните се уште се голема мистерија за многу научници.

Интересно е дека повеќе се знае за површината на Месечината, од тоа што точно се крие во длабочините на океаните. Всушност, 12 луѓе зачекорија на Месечината, а само тројца биле во Маријанскиот канал, најдлабокото место на планетата, кое е длабоко 11 километри, пишува Livescience.

Изобилство на историски артефакти се наоѓа во океаните

Повеќе историски артефакти можат да се најдат во океаните отколку во музеите во светот, пишува National Geographic.

Било да е во прашање сончевиот часовник на Викинзите за навигација или подарок од древните богови, многу делови од светската историја можат да се најдат на дното на океаните. Ако на тоа го додадеме огромниот број на бродоломи и потонати бродови кои лежат на дното на океаните, тогаш е јасно што се може да се најде во длабочините на морињата и океаните.

Директорот на Националната агенција за океани и атмосфера (NOAA) Џејмс Делгадо открива дека во текот на историјата се случиле дури еден милион бродоломи, но дека многу од тие потонати бродови се уште се неоткриени.

Скриено злато

Во океаните се крие многу повеќе богатство од што можеме да замислиме, а кое не ја вклучува само флората и фауната.

Според податоците на Националната агенција за океани и атмосфера, океаните содржат околу 20 милиони тони злато, кое е многу разблажено.

Се проценува дека кога би се собрало златото од сите океани, секој човек на Земјата би имал 4 килограми злато.

Коралите имаат крема за сончање

Научниците апелираат дека се потоплите океани, загадувањето и човековото влијание се закануваат на морскиот живот ширум светот.

Коралните гребени се едни од најчувствителните жители на океаните. Сепак, коралот има природен начин да се заштити: крема за сончање.

Со милиони години наназад, коралите во австралискиот Голем корален гребен развиле заштитна бариера која им помага да преживеат на Сонце, се наведува во соопштението на Здружените организации за истражување на науката и индустријата.

Скриени водопади

Верувале или не, во океаните се кријат дури и водопади. Технички, најголемиот познат водопад на Земјата се наоѓа под вода, меѓу Гренланд и Исланд.

Овој подводен водопад, кој уште се нарекува и катаракта на Данскиот премин, содржи 5 милиони кубни метри отпад во слапови од неверојатни 3,505 метри.

Водопадот е оформен од разликата во температурата во водата од секоја страна на Данскиот премин. Кога е поладно, погустата вода од источната страна се сретнува со потоплата, полесна вода од западот, додека ладната вода паѓа низ и под топлата вода.

Висината на катарактата на Данскиот премин содржи околу три висини од Ангелските водопади од Венецуела, кои се сметаат за највисоки надземни водопади.

Подводни езера и реки

Океаните содржат езера и реки. Како е тоа можно?

Кога морската вода тече низ дебели слоеви на сол, солта се раствара и создава депресија на морското дно. Националната агенција за океани и атмосфера објаснува дека растворената сол исто така создава вода во таа погуста област и како таква се сместува во вдлабнатините.

Овие природни езера и реки, кои исто така се познати и како солени базени, а слични се на езерата и реките на копно, имаат брегови, па дури и бранови.

Чудни звуци од длабочините

Само флората и фауната не се предмет на истражување на многу научници, туку и изобилството на звуци кои допираат од длабочините на океаните, а кои научниците се уште не можат со сигурност да ги објаснат.

Bloop е можеби најпознат подводен звук, кој е забележан во 1997 година со хидрофон, кој го поставила Националната агенција за океани и атмосфера. Се работи за еден од најгласните звуци некогаш забележани, а бидејќи звукот се јавува заедно со пукање на подводни санти на мраз, никој не знае што точно го произведува овој чуден звук.

Марјановски канал: Што се слуша на најдлабокото место на светот?

Многу луѓе се шегуваат дека се работи за звук Cthiulhu, фиктивно чудовиште кое е комбинација на полип, змеј и човек, а кое е дело на писателот Ловекрафт.

Мистериозниот живот во океаните

Иако 94 проценти од земскиот живот го сочинува водата, околу две третини морски живот се уште не е идентификуван. Нови видови постојано се наоѓаат што го зголемува бројот на прашањата за животот во светското море.

Оваа година, Колеџот за заштита на животната средина и шумарство SUNY објави листа од 10 нови видови, која вклучува и впечатлив црвен вид на морски змеј, кој остана неоткриен наспроти тоа што живее во плитки води на западниот брег на Австралија.

Други неоткриени видови ја вклучуваат и можеби најгрдата риба на светот, како и грозниот полип и нинџа ајкула.