-->
-->
Седум интервенции на кумановските пожарникари за 12 часа
-->
Речиси девет часа 15 пожарникари од Куманово со три протипожарни возила вчера гаселе пожар на опожарена дабова шума во атарот на кумановското село Орашац, соопштија денеска од РЦУК.
Се уште не е утврдена површината која ја зафатил пожарот и предизвиканата материјалната штета што е причинета. Кумановските пожарникари успешно го угасиле пожарот во периодот од 10:55 до 21:50 часот.
Пожарникарите вчера во два наврати гаселе пожар и кај муслиманските гробишта во Куманово. Прв пат еден час го гаселе пожарот со кој била зафатена сува трева со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, во периодот од 9:20 до 10:20 часот, а втор пат двајца пожарникари го изгасиле за покусо време од 11:10 до 11:35 часот.
Пожарникарите вчера скоро три часа од 13:00 до 15:50 интервенирале и на опожарено моторно возило (автомобил), на наплатната рампа Романовце. Интервенирано било со едно противпожарно возило и тројца пожарникари во периодот од 13:00 до 15:З0 часот.
Запалена сува трева и нискостеблеста шума вчера горела на потегот од село Бразк кон село Романовце. Со две противпожарни возила, петмина пожарникари го гаселе пожарот на се уште неутврдена површина.
Од 20:15 до 20:45 едно возило со тројца пожарникари успеале да локализираат пожар на сува трева кај кланицата „Црн Бик“ во атар на кумановско Којнаре. Кај поранешниот хотелот „Ку-ба“ исто така горела сува трева која тројца пожарникари со едно возило успеале да ја локализираат за еден час од 21:00 до 22:10 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар