Свет
22. March 2019 - 11:09

Седуммина загинати откако автомобил удри во пешаци во Кина

Кинеската полиција застрела маж откако тој со автомобил удри во пешаци во центарот на кинескиот град Заојанг, и усмрти шест луѓе.

Според кинеската државна телевизија во нападот што се случи во Заојанг, во северната провинција Хубеј, повредени се седум лица.

Кинеската полиција не соопшти повеќе детали.

Во Кина во последните години зачестија нападите со автомобил. Во септември минатата година најмалку 11 луѓе беа убиени откако маж со автомобил влета во група пешаци во јужна Кина, поради одмазда што бил осуден за кривични дела.