Ф1
24. October 2018 - 19:20

Сега е во добра состојба: Трикратниот шампион во Формула 1 по 3 месеци излезе од болница

Поранешниот трикратен светски шампион во Формула 1 и австриски бизнисмен Ники Лауда денеска ја напшти болницата во Виена, речиси три месеци по трансплантацијата на белите дробови.

Болницата во Виена соопшти дека Лауда е отпуштен во „добра општа состојба“, како и дека ќе мора уште неколку седмици да помине на рехабилитација.

Лауда е опериран на 2. август.

Ники Лауда (69) беше светски шампион во Формула 1 во 1975 година, а доживеа многу тешка несреќа за време на Големата награда на Германија во 1976 година. Тоа не го спречи повторно да се врати зад воланот и да го освои првото место уште два пати, во 1977 и 1984 година.