СЕХА: Историска победа на Еурофарм Р.
Битолскиот клуб Еурофарм Работник го имаше своето деби во регионалната СЕХА лига, откако пречека уште еден „новак“ во натпреварувањето, Спартак Москва и го победи со 34:29 (15:13).
Клубот на Стефче Алушовски беше во предност во текот на целиот меч и успеа да стигне до победата, иако гостите успеаја да дојдат на 2 разлика во средината на второто полувреме.
Десниот бек од Босна и Херцеговина, Невен Стјепановиќ беше најзаслужен за победата со дури 10 постигнати голови, а пет додаде новото засилување Марин Вегар, додека на голот Никола Митрески заврши со 10 одбрани. За Спартак, поранешниот ракометар на Вардар, Александер Деревен уфрли осум гола.
Претходно, убав старт на сезоната имаше украинскиот Мотор Запорожје, откако со 25:24 победија на гости кај Татран Прешов. Во меч кој се играше гол-за-гол, гостите успеаја во драматична завршница да надополнат два гола разлика и да триумфираат со голот на Сорока во последната секунда.
Аиденас Маласинскас, Барис Пухоски, Едуард Кравченко и Игор Сорока имаа четири голови за Мотор, додека за домашните најефикасен беше Лукаш Урбан со 5 постигнати голови. Следен меч за Мотор е против петкратниот шампион Вардар на 7 септември.
СЕХА ЛИГА, 1.КОЛО
Татран Прешов – Мотор Запорожје 24:25 (11:12)
Еурофарм Работник – Спартак Москва 34:29 (15:12)
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка