Ракомет
24. September 2019 - 17:30

СЕХА:Еурофарм пресилен за Металопластика

Еурофарм Работник ја забележа и втората победа во својата деби-сезона во СЕХА лигата, откако во Битола со 32:21 (15:8) го декласираше поранешниот европски гигант, Металопластика од Шабац, Србија.

Тимот на Стефче Алушовски започна силно, поведувајќи со 4:0, по што ја зголемуваше предноста, која на полувреме достигна до седум гола (15:8). Дебитантот во СЕХА лигата не попушташе со притисокот ниту во второто полувреме за на крај да стигне до победа со убедливи 32:21 и да се искачи на првото место на табелата.

Ловро Јотиќ беше најдобар стрелец на македонскиот претставник со осум гола, од кои 5-од-5 од пенал, пет додаде Владимир Остроушко, а на голот Николче Митревски имаше 12 одбрани.  Кај гостите, Дејан Бабиќ имаше пет гола.

СЕХА ЛИГА

Пекинг Јуниверсити – Војводина 21:28 (10:15)

Еурофарм Работник – Металопластика 32:21 (15:8)