Ракомет
1. November 2015 - 10:04

СЕХА:Нов висок пораз за Макс Струмица

Македонскиот ракометен вицешампион Макс Струмица загуби на гостувањето кај Татран Прешов со неверојатни 26 гола разлика, односно 44:18, полувреме 27:12. По девет одиграни кола струмичани имаат дури 7 порази и само две нерешени средби, податок којшто покажува дека тие немаат квалитет да учествуваат во едно вакво натпреварување како СЕХА.
 
Во македонскиот тим Куленовиќ постигна 6 гола, а Соколов заврши со четири погодоци. Кај домашните Радослав Антл постигна дури 17 гола, а Хрстка мечот го заврши со 10 погодоци.