Македонија
21. May 2016 - 16:27

Секој четврти возрасен Македонец страда од висок притисок

Секој четврти возрасен Македонец страда од висок притисок. Статистиката покажува дека хипертензија имаат помеѓу помеѓу 250 илјади до 300 илјади граѓани. Многумина и незнаат дека притисокот им е висок.  Според лекарите бројката е загрижувачка, а ризикот за срцеви и мозочни удари е се поголем.

-Дури 53 проценти од вкупните кардиоваскуларни заболувања се смета дека се причина за вкупната смртност. Хипертензијата е еден од главните фактори кои придонесуваат за тоа. Голем е и бројот кај луѓето кои вооопшто не измериле крвен притисок, истакна д-р Билјана  Герасимовска-Китановска, Асоцијацијата за хипертензија во Македонија.

Лекарите советуваат за редовни контроли, а здравите и млади лица барем еднаш годишно да го проверуваат притисокот.

-Почесто постарата популација доаѓа за проверка на крвниот притисок, но во последно време не е ретко и кај помладите луѓе да се детектира покачен крвен притисок. При контролите, доминира случајното откривање на покачен крвен притисок при доаѓањето во амбулантата поради друга симптоматија, изјави д-р Нада Аницин од Здружението на лекари по општа-семејна медицина.

-При контролите на крвниот притисок кај граѓаните доколку се увиди дека имаат покачен притисок се препорачува додатна консултација за да се следи и понатаму пациентот поради превенција од кардиоваскуларно заболувањ, д-р Магдалена Отљанска, кардиолог.

Со бесплатно мерење на крвниот пристисок и со делење совети од лекари, денеска во Центарот на Скопје беа одбележани светските денови за хипертензија и семејна медицина.