Џет-Сет
28. March 2016 - 12:30

Секоја ќерка би го посакала за татко – Бекам шие облека за кукли

Дејвид Бекам (40) веќе неколку пати изјави дека нема нешто што не би направил за својата ќеркичка Харпер (4), а последната објава на Викторија Бекам (41) на Инстаграм тоа и го докажува.

Имено Пош објавила фотографија на која се гледа како Дејвид во тренерка седи на под и концентирано шие облека за куклата на својата ќерка.

-Харпер има татко да и шие облека за куклата!!! Те сакаме – напишала Пош под фотографијата.
Фановите на бившиот фудбалер се одушевени од неговиот гест.

bekam