Ракомет
4. April 2016 - 19:33

Селекторот Обрван од утре ќе работи со комплетниот состав

Машката ракометна репрезентација ги почна подготовките за олимписките квалификации во Гдањск. Додека ги чека играчите кои имаа обврски селекторот Ивица Обрван работи комбинирано со другите 15 играчи. Дел од играчите беа во малата сала во СЦ Јане Сандански, а дел од репрезентативците во фитнес центарот.

Според најавите репрезентацијата треба да се комплетира вечерва, а од утре со доаѓањето на Манасков, Стоилов, Велко Маркоски и Митревски да биде комплетна. Тоа значи дека до заминувањето за Гдањск ќе бидат одработени само 3-4 тренинзи во комплетен состав.