Живот
3. September 2015 - 14:22

Селфито на овој човек е видено од 3 милиони луѓе, но не затоа што е згоден - Дознајте зошто!

Лук Бенет (20) од Велика Британија , изгледа како и секое друго момче. Но, неодамна на социјалните мрежи тој објавил фотографија во долна облека, а на неговиот стомак се гледа ќеса која го покрива делот од каде му е отстрането дебелото црево.
 
Од својата 16та година Лук боледува од улцеративен колитис, а по три години борба со болеста симптомите се зацврстиле, па одлучил да да го отстрани дебелото црево.
 
Оваа фотографија ја споделил во група за поддршка на пациенти со истата болест и сакал да им покаже на младите дека ќесата која ја имаат на стомакот не треба да ги плаши или пак да се срамат.
 
И се чини дека успеал во својата намера, бидејќи сликата многу брзо се рашири, а досега е погледната 2,8 милиони пати. 
 
Младиот Лук изјавил дека после операцијата се чувствува како нов човек и дека повеќе не чувствува болка.
 
- Се навикнав на овој начин на живот, не ми смета и можам да се релаксирам, - изјавил Лук.