-->
-->
Семејството на Шумахер: Тој ќе се врати
-->
Сопругата Корина и децата Мик и Џина се надеваат на чудо, а некои блиски извори на семејството откриваат дека неговото добро се држи и така дава оптимизам за иднината.
Седумкратниот светски шампион и по многумина најдобар возач во Формула 1 на сите времиња, 48 годишниот Михаел Шумахер, кој веќе четири години е во кома откако доживеа трагичен пад на скијање во францускиот Марибел во 2013.
Во цело тоа време на незамисливо тешка ситуација, неговото семејсто не ја губи надежта дека Михаел еден ден би можел да се врати. Сопругата Корина и децата Мик и Џина се надеваат на чудо, а некои блиски извори до семејството откриваат дека неговото тело добро се држи и така дава оптимизам за иднината.
Според пишувањето на германскиот магазин Брунте, семејството на Шуми смета дека тој „праќа сигнали од некој свој далечен свет“, што дополнително дава надеж.
После несреќата во 2015 година сопругата Корина потроши 15 милиони евра на изградба на медицинска единица крај куќата. Михаел има грижа 24 часа, која секако чини скапо.
И покрај тоа што Шумахер во кариерата заработи 700 милиони евра, неговото семејство ја продаде куќата во Норвешка и приватниот авион, за да го плати лекувањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово