Сенаторка го докажа потеклото, Трамп должи еден милион долари

Американската демократска сенаторка Елизабет Ворен направила ДНК анализа, со која докажала дека има индијанско потекло, откако претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати ја обвинувал дека лаже.
Трамп всушност долги години ја обвинува Ворен дека лаже оти има индијанско потекло, а на неговите митинзи ја нарекуваше и „лажна Покахонтас“.
Американскиот претседател во јули оваа година на собир во Монтана изјави дека ќе уплати еден милион долари во хуманитарна организација која таа ќе ја избере, доколку ДНК анализата покаже дека има индијанско потекло.
Ворен ги објави резултатите од ДНК анализите, во кои се наведува дека има „силни докази“ оти има индијанско потекло. Потоа му се обрати на Трамп преку социјалната мрежа Твитер, порачувајќи му дека треба да уплати еден милион долари на сметка на Центарот за индијански жени.
Трамп демантираше дека и дал такво ветување на сенаторката, а таа објави видео снимка од неговото обраќање во Монтана, каде ветил еден милион долари, додавајќи опис дека „така изгледа лажење“.
- Еве нешто што нема да го заборавите господине претседателе. Вие сте најмалку популарен претседател во модерната историја и вашите сојузници ќе изгубат на изборите (за Претставнички дом и Сенатот на Конгресот следниот месец). Уште 22 дена. Тик-так, порачува Ворен.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
