Фудбал
12. December 2016 - 8:53

Серија А: Брозовиќ е јунакот на Интер

Екипата на Интер постигна победа на синоќа одиграниот натпревар од 16.коло од Серија А. На домашен терен ја победија Џенова со 2:0 благодарение на двата гола на Марсело Брозовиќ во 38 и 69.минута. Во редовите на Џенова, македонскиот репрезентативец Горан Пандев влезе во игра во 79.минута.
 
Резултати на другите дуели од 16.коло:
Каљари – Наполи 0:5,
Аталанта – Удинезе 1:3,
Болоња – Емполи 0:0,
Палермо – Киево 0:2,
Торино – Јувентус 1:3,
Сампдорија – Лацио 1:2 и
Кротоне – Пескара 2:1.
Вечерва се играат дуелите: Фиорентина – Сасуоло и Рома – Милан.
Табела: Јувентус 39 бодови, Рома 32, Милан 32, Наполи 31, Лацио 31, Аталанта 28, Торино 25, Интер 24,...