Фудбал
5. January 2016 - 17:44

Серија А: Џенова и Сампдорија го „отвораат“ 18.коло

Со натпреварот меѓу Џенова и Сампдорија што се игра вечерва ќе стартуваат натпреварите од 18.коло од Серија А. Двете екипи се наоѓаат во долниот дел од табелата, а Џенова е во полоша ситуација бидејќи има четири порази во серија. За разлика од неа, Сампдорија победи на последниот дуел. Џенова се наоѓа на 17.место, а Сампдорија е на 14.та позиција на табелата. Почетокот на дуелот е во 20:45 часот.
 
Другите девет натпревари се играат утре:
Удинезе – Аталанта (почеток 12:30 часот)
Милан – Болоња (почеток 15 часот)
Киево – Рома
Јувентус – Верона
Лацио – Карпи
Палермо – Фиорентина
Сасуоло – Фросиноне
Емполи – Интер (почеток 18 часот) и
Наполи – Торино (почеток 20:45 часот).
 
Табела: Интер 36 бодови, Фиорентина 35, Наполи 35, Јувентус 33, Рома 32, Милан 28, Сасуоло 27, Емполи 27,...