Фудбал
30. November 2015 - 8:47

Серија А: Јуве славеше кај Палермо

Првакот на Италија Јувентус по слабиот старт во првенството синоќа ја постигна и четвртата победа во низа и се искачи на 5.место на табелата во Серија А.
 
На гостувањето кај Палермо Јувентус постигна победа од 3:0, а стрелци на головите беа: Марио Манџукиќ 54.минута, Стефано Стураро 89.минута и Симоне Заза 90+3.минута.
 
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски (Палермо) во игра влезе во 67.минута.
 
Резултати на другите натпревари од 14.коло: 
Емполи – Лацио 1:0, 
Рома – Аталанта 0:2, 
Киево – Удинезе 2:3, 
Фросиноне – Верона 3:2, 
Џенова – Карпи 1:2, 
Милан – Сампдорија 4:1, 
Торино – Болоња 2:0.
 
Вечерва се играат два натпревара: Сасуоло – Фиорентина и дербито Наполи – Интер.
 
Табела: Интер 30 бодови, Наполи 28, Фиорентина 28, Рома 27, Јувентус 24, Милан 23,...