Фудбал
30. August 2015 - 19:55

Серија А: Рома подобра од Јувентус во дербито

Дербито на второто коло на Серија А меѓу Рома и Јувентус заврши со победа на Рома од 2:1.

Головите за Рома ги постигнаа репрезентативците на БиХ Миралем Пјаниќ во 61 минута и Един Џеко во 79 минута.
Голот за Јувентус во 88.минута го постигна Пауло Дибала.
Шампионот на Италија Јувентус по двете стартни кола има два пораза, додека на чело на табелата е Сасуоло со 6 бодови.
Вчера се одиграа два дуела: Милан - Емполи 2:1 и Болоња - Сасуоло 0:1.
Другите дуели од 2.коло се играат вечерва.