Севернокорејски хакерски напад врз произведувачот на вакцина AstraZeneca
Хакери од Северна Кореја се обиделе да продрат до уредите на британската фирма АстраЗенка, разработувач на една од вакцините против коронавирусот, јавија денеска некои американски медиуми.
Хакерите се претставиле како рекрутери од LinkedIn и WhatsApp и нуделе работа. Потоа, тие испраќале документи со описот на работните задачи, во кои се наоѓала штетна програма за добивање пристап до компјутерот. Се наведува дека обидите за провала во компјтерите биле неуспешни.
Во светот се разработуваат повеќе од 200 вакцини против Ковид-19. До третата фаза успееја да дојдат само неколку компани, како германско-американската иницијатива на BioNTech и Pfizer, Moderna од Масачусетс, САД, AstraZeneca со Универзитот Оксфорд од Велика Британија и Центарот Гамалеи од Москва. Сите соопштија за висока ефективност на нивните лекарства.
Првите вакцинации од Ковид-19 во САД се очекува да започнат на 11 декември.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација