Шабан цело време гледаше на часовникот, како несреќата да го влечеше: Преживеаниот сопатник со морничави детали за трагедијата
Вчера рано утрото на автопатот А2 во Германија загина кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ, а спасувачките екипи од смачканиот „сеат“ ги извлекоа телата на тројцата тешко повредени мажи.
Во автомобилот беше и неговиот кум Слободан Стојадиновиќ кој седел зад пејачот при несреќата.
Тој за српски „Блиц“ од болничкиот кревет раскажа како се случил кобниот настан.
-До четири часот наутро имавме настап, потоа се договоривме да легнеме во хотелот, бидејќи авионот ни беше рано наутро. Дојдовме во хотелот, спиевме еден час и потоа станавме. Шабан веќе беше станат и подготвен и ми тропна на вратата, а јас го прашав: „Па зошто брзаш?“, а тој ми кажа: „Ајде побрзо, зошто доцниш, брзаме“. Малку ми беше чудно зошто ме бара, бидејќи претходно никогаш не го правел тоа. Откако тргнавме малку беше нервозен и ми замери што не го разбудив три минути порано, три минути, не можев да верувам. Цел беше чуден, вели Стојадиновиќ.
Тој додава дека пејачот цело време бил нестрплив.
-Целото време гледаше на часовникот, дури пет пати, како негде да брзаше, како несреќата да го влечеше. Додека патувавме зборувавме за нашите луѓе кои живеат овде и земаат пензија. На „Сеатот“ лоши му беа светлата, а Шабан тоа го забележа, по што Мирсад му рече дека ќе вози со долги светла. Не изговоривме ниту пет збора и бам… ние претходно кочевме бидејќи имаше работници на патот, а потоа со голема брзина зад нас не мавна автомобилот. Седев зад Шабан, а зад Мирсад беше неговиот инструмент, синтесајзерот кој го мавна по глава и доби тежок удар, раскажува менаџерот на пејачот.
Тој вели дека Шабан неколку пати паѓал во несвест и се будел додека гледал како го сечат автомобилот, а докторите го оживувале Мирсад.
-Потоа прашав каде е Шабан бидејќи видов дека го нема и во тој момент се онесвестив. Потоа ме изнесоа и видов дека дојдоа голем број на екипи на брзата помош. Сопругата на Шабан претходно го бараше него околу 50 пати, а исто толку таа ѕвонеше кај мене. Откако и кажав дека малку сум повреден, а Шабан не е покрај мене настана хаос…, вели тој.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка