Шахпаска: Продожуваме со зголемување на бројот на згрижувачки семејства
Продолжуваме и понатаму со имплементација на социјалната реформа за зголемување на бројот на згрижувачки семејства во државата, но и грижа за секој граѓанин, рече денеска министерката за труд и социјална политика по посетата на згрижувачко семејство во Радовиш, во домот на Наталија Гура, која моментно згрижува две деца на 5 и 6 годишна возраст, брат и сестра.
Министерката подвлече дека во Радовиш наишла на успешна приказна за згрижување на деца кои се без родители или без родителска грижа.
-Министерството за труд и социјална политика преку социјалната реформа од 2019 година воспостави два центри за згрижувачки семејства и тоа едниот во Битола, а другиот во Скопје. Во моментот во државата постојат 300 згрижувачки семејства во кои се згрижени вкупно 500 деца. Преку центрите се врши проценка, подготовка и обука, меѓутоа и поддршка на згрижувачите кога се соочуваат со секојдневни, но и со вонредни предизвици околу грижата за децата кои се наоѓаат во нивните семејства, истакна Шахпаска.
Според неа во згрижувачките семејства децата ја добивале неопходната љубов и грижа, воспитување и образование со една цел да растат и да се развиваат како и останатите деца кои се во биолошки семејства.
-Згрижувачкото семејство кое го посетив во Општина Радовиш навистина има импресивни услови за грижа на овие деца. Љубовта која ја добиваат децата се чита од нивните весели и насмеани лица. Тие се неверојатно прилагодени кон нивниот згрижувач и радоста која ја демонстрираат, покажувајќи ги условите во кои се сместени, говорат колку нивната згрижувачка посветува внимание за нивниот правилен раст и развој. Ги потикнуваме и други семејства да се пријават во системот за згрижувачко семејство со цел да го зголемиме опфатот на деца, истакна министерката Шахпаска.
Во рамките на денешната посета на Радовиш, министерката го посети и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Радовиш.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација