Loading Video...
Фудбал
20. February 2019 - 16:33

Шалке домаќин на Манчестер Сити, а Атлетико го пречекува Јувентус

Вечерва ќе биде комплетирана првата половина од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони 
 
Вчерашните два меча завршија со нај непопуларниот резултат 0-0. Иако на дуелот на „Енфилд“, Ливерпул и Баерн Минхен одиграа офанзивен фудбал сепак стрелците не беа на ниво. 
 
Иста слика можеше да се види и во Лион, каде Олимпик беше поблиску до победа над Барселона, но благодарение на фантастичната одбрана на Терштеген и тој меч заврши без постигнат гол. 
 
Реванш дуелите овие екипи ќе ги играат на 13 март, а вечерва своите први осминафинални средби ќе ги играат и Шалке – Манчестер Сити и Атлетико Мадрид – Јувентус. 
 
Поголемо внимание привлекува дуелот во Мадрид. Но. Ако се гледа традицијата, таа е на страна на Атлетико, кој во еден од двата дуели во Лигата на шампионите одигран во Мадрид забележа победа со 1-0, а првиот во Торино заврши без голови.
 
Воедно, Јувентус ќе треба да ја прекине успешната традиција на „Јорганџиите“ кои почнувајќи од сезоната 2013/14 секогаш ја минувал оваа фаза во Лигата на шампионите
 
Интересно ќе биде и враќањето на Кристијано Ронадо во Мадрид на стадионот на лутиот ривал на неговиот поранешен клуб. 
 
Двата натпревари ќе започнат во терминот од 21 часот.