-->
-->
Шарлиз Терон и Хелен Мирен ќе ги повторат улогите во „Брзи и бесни 9“
-->
Шарлиз Терон и Хелен Мирен ќе ги повторат своите улоги во „Брзи и бесни 9″, објави на Инстаграм глумецот Вин Дизел, главниот протагонист од претходните осум дела од приказната.
И двете се појавија во осмиот филм од серијалот пред две години – Терон како главната негативка, кибертерористката Сајфер, а Мирен како мајката на ликот на Џејсон Стејтам, терорист кој „премина на праведната страна”.
Двејн Џонсон и Стејтам, односно „Хобс и Шо”, „се одметнаа” од тимот и снимија свое спин-оф продолжение на сагата, па најверојатно нема да ги видиме во „Брзи и бесни 9″. Ликот на Мирен – Магделен Шо е дел и од „Хобс и Шо”.
Деветтиот филм од серијалот „Брзи и бесни” својата премиера ќе ја има во мај 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња