Шефот на мисијата на ЕУ во Турција ќе ја напушти функцијата на 1 август
Шефот на мисијата на Европската унија во Турција Хансјорг Хабер поднесе оставка и тој ќе е повлече од функцијата на 1 август, изјави денеска на прес-конфренција во Брисел портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич.
- Да можам да ја потврдам оставката на Хабер. Тој ќе се повелече од функцијата на 1 август, додаде таа.
Претставник на делегацијата на Унијата во Анкара претходно денеска изјави дека Хабер поднел оставка, без да ги посочи причините за тоа..
Хабер претходно упати критики кон Турција во однос на примената на клучната спогодба со ЕУ за миграција и поради неговиот коментар беше повикан минатиот месец во турското Министерство за надворешни работи.
- Потврдуваме дека нашиот амбасадор поднесе оставка. Ова решение е донесено на негова лична иницијатива, како што е вообичаено во вакви ситуации, соопшти прес-службата на делегацијата на Унијата во Анкара.
Прес-службата додаде дека делегацијата нема да дава дополнителни коментари за причините за оставката.
Хабер ја презеде функцијата во 2015 година.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ