Македонија
16. October 2018 - 16:16

Шеќеринска: 60 дена техничка влада пред предвремени парламентарни избори

Ако се организираат брзи предвремени избори вицепремиерката Шеќеринска е убедена дека власта сама ќе си обезбеди над 80 пратеници. Според Министерката за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ не треба да се надева на 100 дена техничка Влада, затоа што како што вели, роковите се кратат согласно Уставот и законите.

Желбите на Шеќеринска се една, а законите и реланоста друга работа, вратија од ВМРО-ДПМНЕ

Со договор меѓу Власта и опозицијата пратениците на крајот од јули годинава го изгласаа законот за Влада кој предвидува 100 дена пред изборите извршната власт да функционира според пржинскиот модел со технички премиер и министри од редовите на опозицијата.  Согласно член 63 од Уставот, предвремените избори треба да се организираат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието