Македонија
8. February 2019 - 16:43

Шест месечно бебе почина од морбили

Шесмесечно бебе од кумановско утринава почина од компликации од морбили на Клиниката за инфективни боелсти. Тоа е прва жртва од мали сипаници по прогласувањето на епидемијата во Скопје. Заразата ја добило во некоја од скопските клиники, каде родителите го носеле на лекување поради воспаление на белите дробови..

- Детето имало бронхит и на два наврати го лекувале во кумановската болница а на почетокот на овој месец и во болницата во Козле, по што го префрлиле на Инфективна но и покрај терпаијата и третманот, починало утрово. Каде с езаразило...на релацијата Куманово Скопје...Го носеле на контроли, лекување, а вие знаете дека некои здравствнеи установи беа како расадник за морбили, вели др. Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ.

На Инфективна има уште две дечиња со морбили кои се во тешка состојба, а од новите 58 случаи регистрирани оваа недела, најголем број се од 1 до 4 годишна возраст. Епидемиолозите предупредуваат дека може да има и други болни со цсериозни компликации, доколку покрај малите сипаници заболат и од грип.

- Може да дојде до коинфекција, и едно и друго да се случат во комбинација. Тоа е нешто што се очекува, вели Караџовски.

Според епидемилозите само вакцинацијата против морбили е единствениот спас од ширење на заразата и намалување на бројот на хоспитализирани пациенти. Изминатиот период МРП вакцина примиле 5900 деца во Скопје.

- Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи, затоа што е тоа единственото нешто кое треба и мора да се направи за да се подигне колективниот имунитет, по падот на вакцинацијата негде 2014 и сега се соочуваме со последиците, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Досега се регистрирани 201 заболен со морбили. Алармантна е и состојбата со грип од кој за една недела има околу 1300 заболени и двајца починати. Од Министерството за здравство соопштија дека здравствените установи се подговтвени за евентуално зголемување на бројот на грипосани.