Балкан
6. November 2015 - 8:18

Шестмина повредени при експлозија во фабрика во Романија

Најмалку шестмина работници се повредени синоќа при експлозија во фабрика за производство на леб во романскиот град Брашов, јави ТАСС.   

Како што соопшти портапролот на Градската управа за вонредни состојби, Киприан Сфержа, петмина од повредените работници се здобиле со изгореници и се пренесени во болница во свесна состојба.

Шестиот работник, кој бил отфрлен од ударниот бран ан експлозијата, се здобил со посеризно повреди. - Тој е жив, но во безсознание е пренесен во болница, додаде Сфержа.

Причините за експлозијата, по која во фабриката избувнал и пожар, засега не се познати. Од силината на експлозијата дел од објектот на фабриката е разурнат.

Фабриката се наоѓа во близина на градскиот фудбалски стадион, каде во моментот на експлозијата се играл натпревар од Втората романска фудбалска лига, меѓу локалниот клуб Брашов и ЦСМ Рамнику.