Шевченко: Ако Џенова остане во Серија А, тоа ќе биде како освојување на Лигата на шампионите
– Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко, по поразот од Рома (0:2) во 13. коло, рече дека опстанок во Серија А за неговиот тим би бил голем успех рамен на освојување на Лигата на шампионите.
– Имаме многу повредени фудбалери. Против Рома покажавме карактер, добро се движевме, но немавме доволно сили за нешто повеќе. Бев пријатно изненаден од тоа како навивачите ме поздравија, дојдоа и му дадоа поддршка на тимот, дури и на крајот од натпреварот. Тимот вложи многу труд, момците навистина дадоа сè од себе. На навивачите им се допаѓаат овие работи овде. Нè очекуваат многу тешки натпревари, ова го знаеме сите. Ако останеме во Серија А, тоа ќе биде како да ја освоивме Лигата на шампионите, истакна Шевченко.
Украинецот во своето деби на тренерското место во Џенова, капитенската лента му ја додели на Горан Пандев кој одигра еден час против Рома.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење