Бизнис
5. December 2019 - 16:36

Шилегов демантира дека градските советници тајно ја покачиле цената на водата

Новата давачка на сметките за вода, не била нова., туку сега станала видлива, тврди градоначалникот на Скопје Шилегов. Надоместокот за одржување зеленило, кој се плаќа 19,5% од потрошната вода и собирањето и одведувањето на урбани отпадни води  и претходно се плаќала,  била вкалкулирана во цената. Сега, со последната одлука на Советот на Градот се раздвоила како посебна ставка. Зошто граѓаните добиле зголемени сметки во однос на претходните месеци, баш колку што изнесува овој надоместок – Шилегов вели , порадни друга, нова давачка - Надоместок за прочистуавње води

Граѓаните  револтирани – не знаеле дека плаќаат и за одржување зеленило. Прашуваат за кое одржување, кога паркови речиси и нема .

Инаку буџетот кој ќе го добијат Паркови и зеленило од градот Скопје за наредната година двојно е зголемен. Ако годинава изнесувал 140 милиони денари, наредната ќе биде над 200 милиони денари. Пари, кои според Шилегов , ќе се користат за подигање и одржување зелена површина во Главниот град.