Македонија
3. July 2019 - 19:31

Шилегов: Нема застој во сообраќајот поради несоодветна сигнализација

Граѓаните се нетрпеливи, сигнализацијата на булеварите е соодветно поставена вели Шилегов по реакциите за градскиот метеж.

Градоначалникот најави дека продолжува со реконструкција на уште неколку булевари, улици но и на мостот Гоце Делчев каде од 17 часот до 22 од денеска ќе има забрана за движење.

Шилегов вели не е ни до половина  од предвидените градежни активности  за ова лето. За новите еко автобуси тендерот ќе биде објавен во петок.

- Изгребани се лентите зошто се асфалтираат улиците а сообраќајните проекти се изготвуваат во соработка со МВР и  се поставени  соодветно. Тоа што можеби некогаш не сакаме да ги видиме или избрзуваме тоа е субјективно слабост на секој од нас како учесник во сообраќајот. Соодветно е секаде изрегулирано како треба да се движат возилата. Едната лента во Ѓорче Петров на улицата  е затворена има знаци каде треба да се оди. Значи малку по внимателно и ќе нема проблеми во движењето, изјави градоначалникот Шилегов.

Почна реконструкција и на ул. Московска а во оштината Карпош летово ќе се санираат градинки, училишни спортски сали и тоалети.

Шилегов најави целосно нов концепт за изглед на градот. Во септември ќе презентира како ќе изгледа центарот и што ќе прави со недовршените фасади на зградите.