Loading Video...
Фудбал
22. May 2020 - 9:33

Шилегов очекува Самсоненко да го врати „чист“ Вардар на град Скопје

Само без долгови би го превземале раководењето на ФК Вардар од досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко, изјави градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов во дебатната емисија „Клик плус“ на „ТВ21“. 
 
На апелот на неговиот соговорник  Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара од Шилегов и советниците во Град Скопје, без разлика на политичката припадност, да ми се помогне на ФК Вардар, првиот човек на градот побара и помош, притоа градоначалникот Шилегов очекува дека Сергеј Самсоненко ќе во врати ФК Вардар на град Скопје како и што го зема, без долгови односно со салдо на „нула“.
 
„Во овој момент она што кај го имам како сознание ФК Вардар е должен, односно сопственикот на Вардар е должен над два милиони евра. Секој добар совет како да влезат кој што ќе значи влез на два милиони евра во касата на ФК Вардар јас ќе го прифатам. Ако вие имате начин како да му се дадат на Самсоненко два милиони евра за да ги врати долговите и да го спасиме Вардар, јас сум прв што ќе ви подадам рака. Вардар може да биде вратен на градот само со нула долгови, онака како што Сергеј Самсоненко го зеде пред шест години“, изјави Шилегов.
 
Во една ваква ситуација може за Вардар времето минува бргу, со оглед на тоа дека може да остане без  лиценцата за настап во европските купови, а вардарци во моментот на прекин на домашното првенство е на првото место на табела, со огромни шанси таму и да остане, односно да се избори за настап во квалификациите за Лигата на шампионите.