Спорт плус
12. November 2019 - 9:52

ШК Алкалоид го совлада и австрискиот првак Рапид

Македонскиот шаховски првак Алкалоид ја забележа и втората победа на Европскиот клупски куп што се игра во Улцињ, Ц.Гора. 

Фармацевтите во второто коло славеа со 4.5-1.5 против австрискиот претставник Рајка Рапид Феферниц. 
Победи за македонскиот првак забележаа Инаркиев, Ковалев и Панчевски додека Андрејкин, Шанкланд и Криворучко ремизираа со своите противници.